EV
VW ID Buggy Concept: Со електрика во потрага по крајбрежни авантури
Групацијата Volkswagen располага со платформа за електрични возила на која може да надгради различни по намена облици. Годинава во Женева беше прикажано стилско баги возило.
Резултатот од неприкинатата работа беше конструирање на MEB (Modularer Elektrobaukasten) платформата. Германската кратенка во слободен превод значи, модуларна платформа за електрични возила.
Поинаку кажано, VW произведе универзална платформа кај која електричните мотори и батериите се променлива категорија.
Токму оваа платформа, Volkswagen веќе ја понуди и на останатите производители а се со цел зголемување на произведени единици и намалување на трошоците.
Таа платформа засега се употребува кај сите модели на групацијата кои се придвижуваат само со помош на електрична енергија.
Отсуството на кров и врати даваат чувство на слобода и авантура, а токму тоа била и намерата на конструкторите.
Иако во моментот ID Buggy е претставен како концепт, јасно е дека евентуалното сериско производство ќе зависи исклучиво од интересот на купувачите.
Ова го овозможува токму MEB платформата кај која батериите се сместени на подницата а електромоторот (или два такви) ја придвижуваат задната оска.
Сосема очекувано е во ваков тип возило да бидат вградени најнови технолошки апликации, но сепак при конструирањето на ID Buggy преовладува минималистичкиот пристап.