EV
Suzuki Jimny: Два чекора напред еден назад
Штотуку претставениот мал теренец на Suzuki под ретро дизјнираната каросерија крие целосно нови технолошки решенија.
Зошто е тоа така најдобро знаат стратезите на Suzuki, исто како што знаат за високото ниво на вградената технологија.
А на тоа поле јапонците има што кажат. Новиот Jimny може да се пофали со нова носечка решеткаста структура, нови мотори, преработен интегрален погон, високо ниво на конективност, пакетите на безбедносна опрема.
Мотивите на дизајнерскиот тим околу ептен коцкестата форма нема да ги коментираме освен тоа дека и веројатно ќе има и купувачи за кои прва асоцијација за теренец веројанто е токму обликот кој силно потсетува на Wrangler.
Додека за домашниот пазар се нуди турбо мотор од 660 ccm, европските купувачи ќе може да ги ползуваат предностите на новиот 1.5 литарски атмосферец (100 КС) кој доаѓа како замена за досегашниот мотор од 1.3 литри.
Погледот на палката за избор на погонот ни дава до знаење дека Jimny може да се движи само на преден погон, на сите четири тркала како и интегрален погон со вклучена редукција.
Комбинацијата на новиот мотор со висок вртежен момент при ниски вртежи, петостепениот рачен (или автоматика со четири преносни односи) и изборот за прераспределба на силината, гарантираат висока проодност наменета дури и за „хардкор“ професионалците.