Во светот
Renault Megane RS Trophy: Последниот чекор до тркачка патека
Најспортскиот Megane доаѓа со турбо од 300 КС, автоматски или рачен менувач со шест степени, управување на сите тркала и нов издув кој обезбедува модификација на акустиката.
За тоа се заслужни „Cup“ шасијата, новиот турбо мотор од 1.8 литри и 300 КС (420 Nm), турбо полначот сместен во керамичко куќиште (се врти 200 илјади пати во минута), како и наново дизајнираниот издувен систем.
Во наследство од “RS” се пренесени и двата шестстепенски менувачи од кои едниот е автоматски со двојна спојка, како и управувањето на сите четири тркала.
Иако управувањето и на задната оска е решение кое го познаваме од поранешни модели на Renault, сепак во најспортскиот Megane тој за прв пат се вградува.
Со него се обезбедува поголема подвижност при помали брзини (задните тркала се вртат во спортивен правец од предните) и поголема стабилност при поголеми брзини кога тркалата од задната оска се вртат за одреден агол во ист правец како и предните.
Со тоа се отсранува секоја дилема за потеклото на возилото кое ви доаѓа во пресрет.
Ги споменавме и двата шестбрзински менувачи. Разликата помеѓу нив не се сведува само на начинот на рачно или автоматско менување, туку автоматикот со двојна спојка располага со 20 Nm поголем вртежен момент кој е добиен со поинакво мапирање на моторот.
Употребата на двокомпозитни сопирачи, заедно со 19 инчните тркала изработени од посебна легура ги олеснуваат неамортизираните маси за цели 8 kg.
Искуството на Renault во Формула1 е искористено на цела низа позиции, но дали тоа ќе биде доволно да се совладаат конкурентите кои поради зголемената силина на турбо моторите, веќе се префрлаат на користење на интегрален погон?!