Пред крајот на годината, концепт возило што во моментов се создава во студиото за дизајн ќе покаже каде се движи Opel.
“PACE! планот е компас за одржлива и успешна иднина за Opel “, вели Мајкл Лохшелер. “Покрај зголемување на профитабилноста и ефикасноста, PACE! вклучува и зајакнување на Opel брендот.
Затоа им дадов на моите тимови задачa да го прецизираат профилот на Opel и да создадат концептен автомобил кој ја симболизира насоката кон која одиме “.
Германски, пристапeн, возбудлив – ова се трите вредности на брендот кои се вградени во ДНК-то на секој модел и иницијатива на Opel, и ќе продолжи да го прави тоа во иднина.
Во последниве месеци, типовите на дизајнот, маркетингот и инженерингот на Opel ги наоѓаат одговорите на прашањето како овие вредности можат подобро да бидат сплетени од дизајнот, технологијата и содржината на автомобилите на Opel и пристапот кој компанијата го има кон своите клиенти.
Тимот околу заменик претседателот за дзајн, Марк Адамс ја ревидираше филозофијата на дизајнот на Opel и има намера да примени некои дотерувања при создавањето на идните бестселери од Рiселсхајм. Првиот поглед на она што го има во иднина и како ќе изгледаат моделите на Opel до средината на 2020 година сега е откриено – сѐ уште скриено под наслов, но веќе покажувајќи значајни детали.