EV
Hyundai i30 N во Option варијанта добива интегрален погон
Интензивните тестирања на спортскиот компакт i30 N со погон 4×4 се пропратени со строго контролирани информации. Извесно е само дека со погонот на двете оски ќе доаѓа и значително посилен мотор.
Водени според нивната далеку источна филозфија тие најпрвин изградија цврста основа која потоа лесно ќе може да се надоградува.
Првичните 275 КС на кои беше наштиман моторот беа само една убава најава на капацитетите. Јасно е дека турбо бензинецот од два литра има многу поголеми можност.
Но, погонот само на предната оска ја детерминира управливоста, и баш поради тоа сега на големо се тестира варијанта со погон на двете оски.
Моментално, границата од 300 коњи кои ја испорачуваат силината само на предната оска, ја надминува само Honda R-TYPE (310 КС) но тоа е само исклучок кој го потврдува непишаното правило.
Строго контролираните информации, говорат за силина на мотор од некои 330 КС што би требало да е доволно за напад на рекордите во компактната класа на спортски претставници.