Во светот
Bentley Bentayga e нјабрзиот SUV во светот
Во неразумната трка за најбрз SUV во светот, Lamborghini Urus и Bentley Bentayga водат бескомпромисна војна. Моментално приматот го има првиот SUV на Bentley.
Максималната брзина на хипер луксузиниот SUV ја овозможува 6.0 литарскиот W12 битурбо моторот преку испорака на 635 КС и вртежен момент од цели 900 Nm.
Естетски, Speed се разликува од сериските изведби според големите 22 инчни тркала, видливите ознаки и задниот спојлер. Децентни разлики има и во внатрешноста, така да сопственикот во секој момент е свесен дека управува со најбрзиот SUV.
Од друга страна, за да се сопре оваа тешка и брза грдосија производителот вградува керамички сопирачки. Иако амортизацијата е потврда, сепак сите патници и понатаму ќе можат да уживаат во врвниот комфор и уште полуксузниот амбинет.