EV
Audi Grandsphere – A8 на иднината [видео]
Вториот од најавените три Sphere-концепти на Audi покажува како ќе изгледа новиот модел во сегментот на големите лимузини.
После иновативниот двосед Skysphere со променливо меѓуоскино растојание, од Audi пристигнува концепт на атрактивна лимузина со таканаречен boat tail заден дел, наречен Grandsphere.
Затоа, велат, доживувањето на самиот автомобил е споредно, а во фокусот се дизајнот и ентериерот уреден според 2+2 шемата, но во една поинаква а не спортска конотација.
Grandsphere го препознава возачот, му ја отвора вратата, ги прилагодува клима уредот и седиштата кои можат да се свртат до 60 степени и на големите мултимедиски екрани го пренесува она што тој во моментот го работи на својот телефон.
Батеријата од 120 kWh треба да обезбеди автономијата од околу 750 km, а основа за сета механика е PPE платформата најавена со A6 e-Tron.
Audi (сé уште) не потврди, но скоро сигурно е дека во овој концепт се крие новиот A8 кој на почетокот на 2024 година во својот сегмент ќе донесе мноштво нови работи.