EV
Смена на спортскиот врв кај Audi – Електричниот Audi E-Tron GTR го менува R8
Во 2022 година, Audi планира да се збогува од атмосферскиот V10 мотор кој го вградува во спортистот, R8. Замената ќе дојде во облик на Audi E-Tron GTR кој ќе биде придвижуван со 3 електрични мотори.
Технолошкиот близнак на Lamborghini Huracan сеуште одлично котира кај лубителите на спортските, перформансни автомобили, но …
Целата веселба ја расипуваат новите еколошки норми кои се во состојба по итно постапка да пратат во пензија секаков атмосферец, а поготово ако има атмосферски напојувани 10 цилиндри.
Соочувајќи се со таа горка вистина, Audi се подготвува на адекватен одговор. Тој доаѓа во форма на целосно електричен спортист со ознаки Audi E-Tron GTR. Трите електромотори со вкупна силина од 650 КС повеќе од сигурно ќе овозможат еднакви, ако не и подобр перформасни.
Говорејќи за перформансите, забрзувањето кое трае нешто над две секунди и максимумот на брзина од 250 км/ч (ограничена електронски), тие не оставаат ниту трунка сомнеж.
Капацитетот на батериите од 95 kWh е доволен за автономија од нешто под 500 km. За полнење на батериите воопшто нема да бидат потребни дебели кабли затоа што е предвидено понењето да се одвива со помош на безжична технологија.
Во целава приказна со најспортскиот претставник на Audi, обесхрабрувачки момент е единствено датумот на сериското појавување – 2022 година!