Актуелен Миг
Почеток на продажбата на новата „тројка“
Седмата генерација на BMW Serie 3 службено претставена пред стручната јавност. Почетната цена на баварскиот бестселер изнесува 38.900 евра.
Оттука и интересот на публиката, но и големата конструкциска посветеност. Деталите, разработени до најмала ситница, ја откриваат важноста која во BMW се посветува на седанот со спортски имиџ.
Седмото издание на Серија 3 е подолго, пошироко и речиси со идентична висина со претходникот. Видно е зголемено и меѓуоскиното растојание, факт кој отвара додатен простор на задната клупа.
Моторната понуда се состои од познатите четири и шест цилиндрични мотори, како ошто е обичај кај BMW, со цилиндри наредени во иста линија. Тоа е за почеток, подоцна, од средината на месец јули се очекуваат спортската M340i xDrive и еколошката 330е plug-in hybrid варијанта.
Бројните системи за асистенција се сосема очекувани од премиум производител чиј поглед е свртен кон самиот врв во класата. На прв поглед материјалите и обработката делуваат прилично квалитетно, но таа констатација своја потврда наоѓа единствено при подолготрајна употреба.
Необичната премиера на BMW Serie 3 беше пропратена со најава за соработка помеѓу нашиот врвен музичар Влатко Стефановски и домашниот увозник на BMW.
Таа соработка е започната со креирање сопствена верзија на препознатливото BMW звучно лого кое увозникот ќе го користи при промотивни кампањи на новиот спортски седан.
BMW Serie 3 е веќе во продажба со почетна цена за влезниот модел 318d од 38.900 евра.