Во светот

Xpeng P5: Дали некој може подобро? [видео]

Објавено на

 

На Shanghai Motor Show 2021, Xpeng Motors го претстави својот трет сериски модел Xpeng P5 – семеен седан со технологија на самостојно управување од самиот светски врв. Да ја погледнеме одблизу понудената технологија.

P5 е третиот модел на Xpeng, a воедно производителот од Шангај го декларира како продукт од третата технолошка генерација.

Патот го отвори компактниот SUV, Xpeng G3; го продолжи луксузната перформансна лимузина со голема автономија (над 700 km), Xpeng P7; за да на сцена сега стапи семејниот седан Xpeng P5.

За возилото кое ќе почне да се произведува од септември, порачките се веќе отворени, иако малку се знае за перформансите. Но затоа пак, податоците за автономните системи се објавени во детали. А тие се навистина импресивни.

 

Прв сериски EV со вграден LiDAR систем

Во период кога европските гиганти го замрзнуваат развојот на автомните системи за управување, Xpeng го обзнанува своето технолошко ниво кое веќе може да се имплементира во сериски модели.

Xpeng P5 за разлика од својот полуксузен брат, првенствено е наменет за семејствата кои воглавно се движат по градски собраќајници. Притоа асистенцијата ја обезбедува новиот XPILOT 3.5 систем.

Во овој клучен збор се содржи цел збир од високотехнолошки уреди кои за прв пат во ваков состав се вградуваат во еден сериски електричен автомобил.

XPILOT 3.5 му овозможува на возилото најнапреднa ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) асистенција која се нуди на, прилично сложениот, кинески пазар.

Во вградениот XPILOT 3.5 се инкорпорирани две LiDAR единици кои сами по себе претставуваат најнапредни системи за асистенција. Своја несебична помош даваат уште и 12 ултразвучни сензори, 5 видео камери со по еден објектив, 4 видео камери со покривање од 360 степени, 1 камера со три објективи постевена напред и уште една камера за помош при возењето наназад.

Без претерување со симпатиите, чесно е да се каже дека во делот на автономното возење оваа технолошка армија е помоќна дури и од штотуку претставениот EQS на Mercedes.

 

Што точно означува каратенката LiDAR?

Вградениот LiDAR (light detection and ranging) систем во Xpeng P5 е специфичен по двојната призма. Во суштина се работи за ласер кој ги анализира и обработува одбиените зраци формирајќи така континуирана 3D слика на целото опкружување.

Тој е способен да ги регистрира сите статични и динамични објекти, вклучувајќи ги и пешаците, велосипедистите, електричните скутери како и сите животни кои се во опкружување на возилото. За да добие информацијата на доверливост, во новата семејна лимузина на производителот од Шангај, се вградени два такви ласерски радари.

 

Предности

Но можеби најголемата вредност на XPILOT 3.0 е проширувањето на делотворноста со адаптирање на функциите на навигацијата (navigation guided pilot – NGP) од возењето по автопатиштата на градското возење.

Станува збор за прилагодување од возење на отворени патишта во управување низ тесните и пренатрупани градски сообраќајници при што е потребно прецизно водење каде што не е дозвлена ниту најмала можна грешка.

Тоа е постигнато со прецизно мапирање, до сега најдоброто што е понудено на кинескиот пазар.

 

Процесуирање

Обаработката на сите информации е доверена на сопствениот оперативен Xmart OS 3.0. Палтформата поддржува целосно оперирање преку гласовни команди – XPeng го нарекува “Voice for Everything” – момент кој, од аспект на безбедност, е од исклучителна важност при употреба во возилата.

Процесуирањето на инфомациите го врши новиот осум јадрен процесор Qualcomm Snapdragon SA8155P кој е специјално наменет за комплексните операции во возилата од наредните генерации.

Тој истовремено може да биде ангажиран да асистира, информира, потоа да поддржи конектирање на разни уреди, а едновремено и да ги забавува возачот и патниците.

И тоа да го прави со брзина која е три пати поголема од неговиот претхдник. Возачот на Xpeng P5 комуникацијата со системите за асистенција ќе ја врши преку 15,6 инчен LCD кој е поставен вертикално на централната конзола.

И на крајот можеби и комерцијално најважниот податок, Xpeng P5 е семејна лимузина од класата на Tesla Model 3 (во Кина чини $38,500) со која веројатно ќе има и многу слични перформанси, а цената на кинескиот пазар ќе му биде за 10-тина проценти пониска.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.