EV
Xiaomi SU7: Од смартфони до супер спортски електричен седан [видео]
Познатиот кинески производител на електроника и смартфони подготви спортски електричар напаѓајќи ги директно Tesla Model S и Porsche Taycan.
Склони сме да поверуваме дека, гледано на долг рок, електронскиот гигант го прави тоа за да демонстрира технолошката надмоќ и тоа во период кој е одлучувачки за кинески пробој на најголемите светски пазари.
Во конкретниот случај тоа значи промоција пред технолошкиот свет на петметарски спортски седан кој е преполн со најдоброто од применливата технологија.
На прв поглед новитетот ги отстранува сите дилеми околу својата естетика. Ако се сеќавате на контроверзниот дизајнер Крис Бенгл (Chris Bangle) кој низа години беше одговорен за изгледот на цела серија модели на BMW, е тоа е истиот тој господин што го имал одлучувачкиот збор при цртањето.
Едноставно Xiaomi SU7 изгледа одлично. Поставен на платформа со меѓуоскино растојание од 3.000 mm и растегнат во должина на цели пет метра (4.997 mm) електричниот спортист го краси одлична аеродинамика. Коефициентот на отпор од 0.195 е иснпириран од облици преземени од природата. Барем така велат од дизајнерската екипа.
Механичката екипа истрчува во две различни архитектури. Единечениот мотор сместен позади со 299 КС и 400 Nm кој овозможува забрзување од 5.28 секунди функционира под напон на инсталацијата од 400 волти.
Капацитетот на батеријата од 73.6 kWh овозможува автономија од 668 км (мерено според кинеските норми), а хендикепот на базичната верзија е што не може да се полни со брзина на своите помоќни браќа.
Тоа го може посилната верзија чија електрична инсталација функционира под двојно повисок напон. Само пет минути му се потребни да биде приклучен на брз полнач за да помине цели 220 километри. Двата мотори произведуваат системска силина од 664 КС способни за катапултирање на SU7 за 2,78 секунди, и максимум од 265 км/ч.
Батеријата од 101 kWh со едно полнење може да „добаци“ до 800 километри, а притоа е способна и (екстремно) брзо да се надополни. Ако сега ги споредиме овие бројки со моментално владеечките конкуренти, Tesla Model S и Porsche Taycan, јасно е кој е новиот носител на епитетот – најдобар.
Намерно за крај го оставаме делот каде што Xiaomi е неприкосновен. Внатрешноста е оплеменета со голем команден екран 16,3 инчи. Уште поимпресивен е хедап екранот од неверојатни 57 инчи. Да, секако има уште еден екран пред возачот кој ги покажува параметрите на возилото.
Со моќниот LiDAR систем раководи Snapdragon процесор од последната генерација. Мноштвото камери и сензори овозможуваат и автономно возење од највисоката Level 5 класа. Грешката при режим на самовозење изнесува под еден инч (2,54 cm).
Батериите од последната генерација ги испорачува CATL, …
Првите сериски примероци ќе бидат испорачани на кинескиот пазар подоцна годинава, по цена која „нема да биде евтина“ – најавуваат од Xiaomi.
Oттука и дилемата дали Xiaomi SU7 ќе доживее некоја позначајна производна бројка или само ќе послужи за демонстрирање на Know-How мускули.