EV

WRC легендата Себастиан Лоеб идната сезона ќе вози за Hyundai

Објавено на

 

Носителот на девет светски титули, потпиша двегодишен договор со Hyundai за учество на пет трки од светскиот рели шампионат.

Свежи се сеќавањата на неприкосновениот владар на светските рели патеки, мајсторот зад воланот, Себастиан Лоеб.

Неговата десна страна секогаш беше потпрена на совозачот Даниел Елена, кој и сега ќе го прати на петте трки од WRC шампионатот, 2019.

Дани Сордо е возачот со кој Лоеб ќе го дели болидот и кој ќе ги вози останатите трки.

Двојката Тиери Нојвил и Андреас Микелсен ќе бидат првите корејски виолини, и догодина на сите трки ќе управуваат со имресивниот Hyundai i20.

Зад оваа одлука на менаџментот на екипата стои желбата конечно корејците да ја освојат конструкторската светската титула во WRC шамионатот.

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.