Личи на Jeep, ама не е – се вика Wallys Iris и е рачно направен.
Но изгледот не е она што најмногу изненадува, туку потеклото на ова возило налик на теренец кое доаѓа од Тунис.
Каросеријата му е од фиберглас, а моторот кој се увезува од Франција е 1,2 литарски со три цилиндри и 82 коњски сили.
Тие ќе го потераат до максимална брзина од 158 километри на час, додека цената му е поставена на околу 13.000 американски долари.
Компанијата која постои од 2006-тата годишно продава по околу 600 возила, освен во Тунис уште и во Мароко, Катар, Франција, Шпанија и Панама.
