Во светот

VW ID.4 прогласен за светски автомобил на годината за 2021

Објавено на

 

Електричниот кросовер станува петтиот Volkswagen кој ја освоил престижната титула, бидејќи во финалниот избор ID.4 собра повеќе гласови од Honda-е и Toyota Yaris и се здоби со врвното признание.

Volkswagen очигледно беше задоволен од резултатите. Томас Улбрих, член на управниот одбор за развој на брендот Volkswagen, по тој повод истакна: „Наградата за светски автомобил на годината претставува голем успех за целата наша ID. екипа“.

Потоа тој додаде: „Ние успеавме да развиеме автомобил што ја започнува системската промена на електричната мобилност и тоа во класата на компактни SUV возила која е еден од најважните сегменти во светот“.

Volkswagen ID.4

Во останатие категории, Mercedes S-Class беше прогласен за светски луксузен автомобил за 2021 година. Овој избор беше очекуван затоа што луксузниот седан беше убедлив пред Land Rover Defender и Polestar 2.

Mercedes-Benz S-Class

Титулата, светски перформансен автомобил за 2021 година ја доби Porsche 911 Turbo. Изборот не претставуваше некој шок, но интересно е да се напомене фактот што Toyota GR Yaris беше еден од финалистите и тоа во друштво на Audi RS Q8.

Honda-e

Говорејќи за Yaris, иако конкурираше во три категории не успеa да се окити ниту во една. Honda-е e прогласена за Светски урбан автомобил во 2021 година. Покрај тоа, Honda Fit/Jazz ја доби и титулата за Електричен хечбек, и тоа повторно пред моделеот на Toyota.

На крајот, Land Rover Defender ја освои наградата за Светскиот дизајн на годината. Тој го доби признанието пред Honda-e и Mazda MX-30, и тешко е да се приговори за резултатот бидејќи моделот го доловува духот на неговиот претходник истовремено изразувајќи навистина модерен стил.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.