EV
VW сака 100-процентна сопственост над Audi
Volkswagen ќе плати 237 милиони евра за 0,36% од акциите на Audi!
Поточно, Volkswagen е сопственик на 99,64 отсто од акциите на Audi, а останатото е во рацете на мали акционери.
Но, тоа на Volkswagen не му се допаѓа и сега е подготвен да плати 237 милиони евра за остатокот од 0,36% од акциите колку што му фалат за да стане 100-процентен сопственик на марката од Инголштат.
Колку му значи тоа на Volkswagen најдобро кажува цената од 1.551,53 по акција што ја има понудено, која е за 48% повисока од пазарната.
Се разбира, овој трансфер ништо нема да смени во работењето на Audi кој има 11 фабрики во 9 земји и повеќе од 90 илјади вработени.
Audi лани произведе 1.802.073 возила.