Во светот

VW го гаси произвдоството на Passat во Америка

Објавено на

 

Од производните погони во Чатануга (Тенеси) излегоа последните примероци на Passat.

Животниот пат на Volkswagen Passat во Америка стигна до својот крај. Од производните ленти во Чатануга се симнаа последните примероци на седанот со средна големина.

На американскиот пазар Passat е присутен уште од 1974 година, бележејќи така над 1,8 милиони продажби, и тоа не рачунајќи ги моделите Dasher и Quantum кои се продаваа се до 1990 година а всушност беа Пасати изработени по посебна спецификација.

Првите шест генерации се увезуваа директно од Германија се додека во 2012 год. не започна со работа фабриката во Чатануга која ја покриваше целокупната побарувачка на домашниот пазар.

Големите амбиции за евтин седан со германска технологија бргу спласнаа поради низа причини помеѓу кои главна сепак беше не баш ниската цена.

Во првата година од производството беа произведени нешто над 117 илјади единици за да постепено падне на ланските 24 илјади.

Запирањето на производството не значи дека фабриката ќе престане со работа. Таму веќе се вршат подготовки за почеток на производството на целосно електричниот, VW ID.4 за кој постои голем интерес на пазарот. Првите примероци на електричниот SUV се очекуваат во последниот квартал од годината.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.