Во светот
VW ги задржува Lamborghini и Ducati – Bugatti засега со непроменет статус
Надзорниот одбор на Volkswagen Group одлучи да ги задржи Lamborghini и Ducati во рамки на групацијата ставајќи крај на шпекулациите околу нивната продажба.
Tоа додатно ги зајакна шпекулациите околу можна промена на статусот на хипер спортскиот бренд во рамки на групацијата.
Од порано се знае дека Rimac е заинтересиран за купување на Bugatti и тоа е нескриена амбиција на хрватскиот производител на перформансни електрични автомобили.
Но тоа преземање не е едностарана соработка туку би била дел од поголема размена на акции.
Како сега стојат работите извесно е само дека управувањето со Bugatti на први март идната година ќе го превземе менаџментот на Audi.
Промената се прави со цел подобра соработка помеѓу двата бренда на полето на развојот на заедничка стратегија за електрификација.
Од останатите стратешки определби кои се дискутирани во Надзорниот одбор, важна е пораката околу раководењето на Херберт Дис (Herbert Diess) кому му е дадена потполна подршка да и во иднина раководи со трансформацијата на групацијата.