EV
VW ги забрзува плановите за помал електричен автомобил
Инстантниот успех на ID.3 го натера Volkswagen да го промени приоритетот во лансирањето на новите електрични модели.
Плановите познати од порано ќе претрпат измени со кои ќе се забрза воведувањето мал автомобил кој ќе биде поставен под моменталниот европски хит, хечбекот ID.3.
Која улога точно ќе му биде доделена ќе се знае уште со моментот кога Volkswagen ќе ја обелодени неговата комерцијална ознака – дали ќе биде ID.1 или пак ID.2.
Како и останатите, и за него ќе биде наменета MEB платформата, а цената би му започнувала од 20.000 евра.
За да се заштеди на трошоците, за него би можеле да се користат подостапните литиум-железо-фосфатни батериски ќелии кои имаат помала енергетска густина.
VW не кажува кога би можел да биде лансиран, но веќе е составен тим кој ќе работи на проектот чиј резултат најрано може да се очекува во 2023 година.