Во светот

Volvo XC40 T8 Recharge: Електрика за компактниот SUV

Објавено на

 

Плановите на Volvo за понуда на електрична верзија на секој модел до 2025 година започнаа со сериското производство на електричниот XC40.

Од фабриката во Гент, Белгија веќе излегоа првите примероци на Volvo XC40 T8 Recharge кои се наменети за Американскиот пазар.

Првиот контингент со најмалиот SUV на Volvo ќе ја помине „големата вода“ во декември месец а испораките ќе започнат веднаш по новогодишните празници.

Со цена од 48 илјади долари (со вклучен еколошки бонус од 7.5 илјади) директно ќе се цели на купувачите кои сега се одлучуваат за Tesla Model Y.

За наведениот износ на пари, Volvo нуди компактен SUV чии верзии со класични мотори се одлично примени на глобалниот пазар – минатата, инаку рекордна година за Volvo, XC40 беше најпродаван модел.

Од оскудните технички податоци за сега се знае само дека XC40 T8 Recharge ќе биде снабден со два мотори чија заедничка силина изнесува 300 kW (408 КС).

Очекувано, таа силина ќе биде способна за спортски достигнувања – до првата стотка ќе бидат потребни помалку од 5 секунди.

Сетот батерии е сместен во централниот тунел и под задните седишта, така да е во форма на буквата „Т“.

Капацитетот од 78 kWh (75 kWh се употребливи) ветува поголема автономија од најавените 320 километри, но или се работи за принесување жртва на перформансите или пак станува збор за (нејасен) маркетиншки потег.

Од објавените технички специфики може да дознае дека за загревање и ладење на кабината ќе се користат посебни пумпи, кои енергијата ќе ја црпат од системот на ладење на батериите.

Проектот XC40 T8 Recharge е развиен во центарот на Polestar кој е спортски суб-бренд на Volvo. Европскиот настап е предвиден за идната пролет.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.