Во светот

Volvo EX30 Cross Country: Со струја по зимски авантури

Објавено на

Најмалиот Cross Country модел на Volvo, со теренски својства и 422 КС, ќе се појави во втората половина од годината.

Volvo го најави EX30 Cross Country, облекувајќи го својот најмал и целосно електричен модел во теренската униформа.

Карактерот на Cross Country се одликува со конструкција со двоен мотор способни за испорака на 422 КС и вртежен момент од 543 Nm.

Овој погонски агрегат е пренесен од стандардниот модел EX30 Twin Motor, така што Volvo воопшто не се обидел да го направи теренецот посилен, се чини дека 3.6 секунди за спринт од 0 до 100 km/h се сосема доволни.

Верно на постоечкиот рецепт, Volvo додава проширување на арките на тркалата и подни заштити напред и назад, истовремено зголемувајќи ја висината на возилото за 2 cm. Cross Country (CC) варијантите ќе носат и уникатни тркала од 18 инчи, со теренски пневматици како опција.

Гледано од напред и одзади, EX30 CC лесно ќе може да се разликува од неговите браќа по темно сивите предни и задни заштитници. На предната секција, посебно е прикажан релјефот на шведскиот планински венец Кебнекаизе, во наклон кон арктичкиот регион на земјата.

Но, во најголем дел, Volvo ги отфрли препознатливата елементи кои ги паметиме од Cross Country моделите од 1990-тите и 2000-тите.

Сè уште не е откриено какви промени ќе предизвикаат хардверските промени врз автономијата, а официјалните вредности од WLTP тестовите тртеба да бидат објавени пред почетокот на продажбата.

Во стандардна формација, EX30 успева да ја исцеди батеријата од 64,0 kWh по изминати 410 километри.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.