EV
Volvo EX30: електричен мал SUV кој поставува нови стандарди
Со три различни погонски мотори и два типа на батерии, најмалиот SUV на Volvo цели кон широка публика на еколоши настроени купувачи.
Тоа би требало да е гаранција за квалитетно возило кое посебно се истакнува по врвната безбедност.
Покрај тие атрибути новото време носи и зголемена одговорност кон природната средина. Електричните возила при употреба не испуштаат штетни гасови. Но воопшто не е за занемарување и запазувањето на еколошкиот момент при процесот на производство.
И на тој аспект производителот обратил посебно внимание, па со гордост истакнува дека при производниот процес интензивно се преминува на обновливи извори на енергија .
Толку околу еколошкиот момент. Применетата технологија бездруго заслужува уште поголемо внимание. EX30 е четврти целосно електричен модел на Volvo, а воедно и прв кој користи два типа на батерии.
Да потсетиме, до 2030 год. Volvo се обврза да произведува исклучиво возила на електрика.
Влезната верзија – со цена која ја посочивме уште на почетокот – користи еден погонски електромотор од 272 КС (200 kW) кој е поставен на задната оска.
Сетот од LFP (литиум-железо-фосфат) батерии е со максимален капацитет од 51 kWh и овозможува автономија 344 км.
За корисниците со поголеми очекувања се нуди нова NMC (литиум-Никел-Манган-Кобалт) батерија од 60 kWh која се комбинира со мотор од 272 КС и овозможува автономија од 480 км.
Врвот на понудата го сочина верзијата со два мотоари од кој по еден на на предната оска и задната оска, со што воедно се обезбедува погон на сите четири тркала.
Системската силина од 428 КС овозможува збарзување од неверојатни 3,4 секунди со што EX30 е возила со најбрзо забрзување до 100км/ч во историјата на Volvo.
Кoга веќе сме кај перформансите да потсетиме дека и EX30, исто како и секое друго Volvo, поседува лимитатор на максималната брзина кој е поставен на 180 км/ч.
За димензионираноста на опремата баш и не мора премногу да се објаснува, исто како и за дизајнот кој непогрешно асоцира дека се работи за шведски производ. Ќе го заокружиме ова кратко претставување со димензиите.
Volvo EX30 е поставен на меѓуоскино растојание од 265 цм. Максимланата должина на најмалиот SUV на Volvo изнесува 423 цм додека широчината 184 цм. Интересни се тоа пропорции кои ги рушат досегашните вообичаени стандарди.