EV

Volvo интензивно се подготвува за целосна електрификација

Објавено на

 

Во новата фабрика која ќе се отвори во Словачка, Volvo ќе произведува исклучиво електрични возила.

При крајот на годината се очекува деби на новата SPA2 платформа наменета исклучиво за електрични возила.

На таа платформа ќе биде поставен наследникот на најлуксузниот модел на гамата, Volvo XC90 како и на Polestar 3 кои се произведуваат во Јужна Каролина.

По отврарање на новата фабрика во Словачка – инвестиција од 1,25 милијарди долари – што би требало да се случи во 2026 година, еволуираната SPA2 платформа ќе послужи за производство на najлуксузниот SUV.

Истата ќе се најде и во електричниот наследник на компактниот, XC60.

Технологијата која ќе биде употребена во Кошице, Volvo ќе ја сподели со сродните марки од Zhejiang Geely Holding, како што се Polestar, Geely, Lynk & Co и Lotus.

Volvo Embla

Новата фабрика на Volvo во Словачка ќе користи нова, „мегакастинг“ технологија за големите алуминиумски делови на каросеријата што би требало да означи целосно нова фаза во конструкцијата на автомобили.

Тоа што во моментов е актуелнно, секако е инагурацијата на новата SPA2 платформа која ќе се случи кон крајот на годинава.

Со неа знаменосецот XC90 ќе биде заменет со нов целосно електричен модел кој најверојатно ќе биде наречен Embla, прекинувајќи ја така традицијата на нарекување на моделите со алфанумерички имиња.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.