„Би бил изненаден ако од 2030 година не испорачуваме само електрични возила”, изјави директорот на Volvo Хакан Самуелсон.
Во оваа негова политички срочена изјава се крие една голема вистина – кој нема да се трансформира, нема да опстане.
Затоа и тој го дополни кажаното уште со: „Патот напред ќе биде да имаме јасни погледи за тоа кога треба да ги напуштиме моторите со внатрешно согорување”.
Тој процес Volvo веќе го има започнато – пред три години престана со развој на нови дизел мотори, а првиот електричен модел XC40Recharge веќе го освојува пазарот.
Според претходно поставената стратегија Швеѓаните секоја година ќе претставуваат по еден нов чисто електричен модел.
Кој ќе биде нареден не се знае, а за 2022-рата Хакан Самуелсон од порано го има најавено предводникот на гамата XC90.
Во целите на Volvo уште е зацртано до 2025 година половина од глобалната продажба да бидат целосно електричните модели.