Тивко, без многу помпа, за да ја задржи конкурентноста Volvo ги обнови S60 и V60.
Измените се суптилни, воведени како резултат на внимателното следење на трендовите кои во ова премиум друштво ги диктираат германските марки.
Затоа и како главно се поменува инфо-забавниот систем, сега со Google Android и придружните Maps, Assistant и Play апликации.
Од техничка страна важен е новиот автоматски менувач чија работа влијае на намалувањето на штетните емисии и потрошувачката за 0,7 литри на 100 километри..
Volvo ги претстави S60 и V60 пред три години заради што дизајнерски малку е интервенирано – само кај браниците и тркалата.
Тие се достапни со благи хибридни мотори, дволитарски бензински со 163, 197, 250 и 300 коњски сили и дизел со 197 коњи.
Плаг-ин хибридните модели имаат по 253 или 310 бензински коњски сили плус уште 146 електрични и батерија која овозможува автономија меѓу 75 и 94 km.
Цените сé уште не се објавени иако продажбата ќе започне за некоја недела.
