EV
Volkswagen Polo – обновен, ама како нов
Volkswagen ги објави првите информации за обновениот Polo, кој во ова актуелна шеста генерација е на пазарот од 2017 година.
И покрај силната конкуренција во оваа класа, Volkswagen Polo се продава одлично, но за да остане така мораше да биде обновен.
Напред изменети се светлата кои се LED (а опционално и адаптивни Matrix), дотерана му е маската, браникот е нов, а назад светлата се поголеми.
Во внатрешноста корекциите се во поглед на следење на трендовите со унапреден инфозабавен систем од 9,2 инчи и дигитална инструмент табла, материјалите се поквалитетни и нов е мултифункционалниот управувач.
На почетокот на продажбата во гамата ќе се најдат 1,0 литарски мотори со 80, 95 и 110 коњски сили, а покасно понудата ќе биде проширена, но не и со дизел мотори.
Продажбата стартува во септември, по цени кои во Германија ќе изнесуваат нешто помалку од 16.000 евра.
Од 1974 година досега Volkswagen има продадено повеќе од 18 милиони примероци на Polo, кој изворно се појави како ребрендирана верзија на Audi 50.