Во светот

Volkswagen ID.6: Третиот електричен (народен) автомобил [видео]

Објавено на

 

Електрификацијата на Volkswagen продолжува со ID.6 кој е трет а воедно до сега и најголем електричен модел, е претставен во Кина.

Иако Volkswagen на ID.6 му даде глобално значење, барем засега тешко е дека ќе го видиме и во Европа. Предност е дадена на големиот (и сеуште растечки) кинески пазар.

На Европскиот пазар интерес за овој тип возила не недостасува, но челниците на групата прво треба да решат дали ќе го произведуваат тука за што се потребни слободни капацитети, или пак ќе го увезуваат од Кина, што претставува голем пресврт за марката.

Како и да е, тоа не е пречка да се запознаеме со овој семеен SUV со три реда седишта направен на истата MEB платформа како и ID.3 и ID.4, од кои е значително поголем – долг е 4,88 и има меѓуоскино растојание од 2,97 метри.

Тоа му дава пространа и варијабилна внатрешност пополнета со доста модерна електроника со чија помош комплетно се исфрлени механичките команди.

Доаѓа со три различни нивоа на моќност – од 180, 204 и 306 KS и два пакета батерии, од 58 или 77 kWh, кои според кинеските норми му обезбедуваат автономија меѓу 436 и 588 km.

Интересен факт е што Volkswagen ќе го произведува ID.6 во две верзии кои ќе се препознаваат според ознаките, X и Crozz, во две различни фабрики со двајца различни кинески партнери – SAIC и FAW.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.