EV

Volkswagen ID.6 во завршна фаза на испитување

Објавено на

 

Електричниот SUV со седум седишта на Volkswagen фатен при завршните испитувања пред пуштање во сериска продукција.

Volkswagen е во најдинамичната фаза на развој на електрични возила. ID.3 веќе се испорачува на купувачите, кросоверот ID.4 влегува во производство а големиот SUV со седум седишта, ID.6 е во завршна фаза на тестирање.

Појавата на Volkswagen ID.6 е најавена уште пред три години во облик на стидијата ID Roomzz concept премиерно прикажана во Кина.

За разлика од концептниот модел, на фотографиите направени од колгеите од InsideEV’s се гледа дека сериската изведба ќе има класично отварање на вратите а не лизгачки врати како што беше најавено. Тоа е мало разочарување ако се знае дека конкурентскиот Tesla Model X има вертикално отварање.

Гледано од технички аспект изненадувања речиси и да нема. Искористена е MEB платформата која е употребена и кај ID.4, со тоа што и сетот батерии, како и електромоторите се идентични како кај помалиот модел.

Голема разлика се прави во просторната понуда – ID.6 ќе нуди место за седум патници сместени во три реда. Според најавите големиот SUV, започнувајќи од 2021 година, ќе се произведува на повеќе локации а сé во зависност од големината на пазарот.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.