Видео
Volkswagen ID.3 доби 5 ѕвездички на EuroNCAP тестовите
Дали батериските електрични возила се безбедни при несреќи? Тоа беше основно прашање кое се актуелизира со масовната замена на конвенционалните моторски единици со електромотори.
Дека лекцијата е научена веќе видовме од првите сериски компакти олицетворени во, веќе деценија стариот, Nissan Leaf.
Од друга страна и самите процедури според кои се реализираат тестовите, значајно се заострени па исполнувањето на строгите прописи секогаш одново претставува сериозен предизивик за производителите.
Дефинитивно предизвикот е совладан барем кога станува збор за Volkswagen, а како доказ нека послужат резултатите од тестовите на батерискиот електричен компакт, ID.3 кој со одличен резултат ги помина сите тестни фази.
Во Заштитата на патници освои 87% од максималниот број поени, а во Заштитата на деца беше уште посупешен со освојување на 89% од максималниот број поени.
Во Заштитата на останатите учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, мотоциклисти) освои 71% и на крајот во четвртата група во која се оценуваат Безбедносните системи за асистенција, 88%.
Уште еднаш да потсетиме, компактниот хечбек, ID.3 во основната конфигурација тежи поприлични 1.857 kg што претставува податок кој додатно ја отежнува конструкторската задача за зголемување на безбедноста.
Ви предлагам да го погледнете видео прилогот на кој одлично можат да се забележат сите релевантни детали од испитувањата.