EV
Volkswagen ID.1 е планиран за 2025 година
Семејството електрични модели од Волфсбург, меѓу другите, ќе биде проширено и со најмалиот ID.1.
Тукушто лансираниот ID.3 ветува значајна електрификација на гамата на Volkswagen, која во иднина ќе стартува од ценовно најприфатливиот ID.1.
Тој според сегашните сознанија би бил во 2025 година, до кога се очекува цените на електричните возила значително да се намалат.
Моделот интерно познат под кодната ознака e-Zzity ќе биде мал петвратен хечбек, стилски близок до ID.3. Од него ќе ја добие и MEB платформата, која заради намалувањето на трошоците ќе биде поедноставена.
Се планира да биде опремуван со батерии од 24 и 36 kWh, кои со оглед на градската големина ќе му овозможат сосема солидни 200, односно 300 километри автономија.
Цената на Volkswagen ID.1 не би требала да биде поголема од 20.000 евра. Очекуван датум за претставување на концептот е некаде во 2023-година.
*На фотографиите е прикажан VW ID.3