Во светот
Volkswagen Golf GTi Clubsport: Не е за секого
После стандардниот GTi, Volkswagen ја дополни гамата на Golf 8 со посилната Clubsport верзија.
Да не ве држиме во неизвесност – телеграфски: Golf GTi Clubsport има 2.0 литарски мотор со 300 КС и 400 Nm, што е за 55 КС и 30 Nm повеќе од обичниот GTi
Во Clubsport пакетот доаѓа и унапреден Vehicle Dynamics Manager систем, адаптивни амортизери со 15 степени на подесување, дотерано управување и модификувано, за 15 mm пониско ослонување.
Но најбитното за ентузијастите е посебниот режим на возење кој Volkswagen го нарече Special, посебно калибриран за Nürburgring Nordschleife патеката.
Естетски Golf GTi Clubsport се разликува по предниот браник со саќести отвори за воздух, 18-инчните тркала, црниот заден спојлер, спортскиот издувен систем со две цевки, како и црвените контрастни шевови во внатрешноста.
Секако и по цената која засега се крие од јавноста бидејќи другите бројки се побитни.