Видео
Volkswagen Amarok до крајот на годинава [видео]
Со објавување на неколку фотографии од маскираните прототипи, Volkswagen ја најави новата генерација на Amarok која треба да дебитира до крајот на годинава.
Досега Volkswagen имаше објавено само неколку дизајнерски скици на својот нов пикап кој е конструиран во соработка со Ford и ја има истата шасија како и Ranger.
Заради поголемите димензии ќе има повеќе простор во кабината, а заради пократките превиси подобри теренски својства, односно поголеми нападен и излезен агол.
Ќе има корисна носивост од 1,2 тона, во товарниот простор ќе собира 2 еуро палети, а ќе може да влече приколка тешка до 3,5 тона.
Гамата погонски групи е богата – Amarok ќе располага со еден бензински и четири дизелски мотори кои својата сила ќе ја пренесуваат на задните или сите четири тркала.
Овој пикап ќе произведува во Јужна Африка и ќе се нуди со единечна или двојна кабина.