EV
Volkswagen ќе произведува респираторни апарати и медицински помагала
Автомобилската индустрија моментално е парализирана, но тоа не е пречка да започнат со производство на респиратоти и други медицински помагала. Примерот на Volkswagen е за поздравување!
Соочени со зголемена потреба од респираторни апарати како и на останати медицински помагала, менаџментот на групацијата реши да ги употреби сите 125 индустриски 3D-принтери и да започне со производство на дефицитарните уреди.
Од „фолксваген“ порачуваат дека за да почнат со производство само им се потребни скиците на апаратите и веднаш 3D-принтерите да бидат ставени во функција.
Претходно, од Ferrari изјавија дека веќе започнале со производство на респиратори кои се и тоа како потребни во борбата против пандемискиот вирус!