Во својата програма за инвестирање 52 милијарди евра во развој и производство на електрични возила, VW има зацртано и нова гигафабрика во Источна Европа.
Според предвидувањата, најголеми шанси да ја добијат имаат Чешка, Словачка, Полска и Унгарија.
Фабриката би требала да биде пуштена во работа до 2027-мата, а конечната одлука за локацијата Volkswagen ќе ја донесе во првата половина на идната година.
Покрај неа до 2030 година планирани се уште пет други фабрики за батерии кои ќе имаат капацитет од дури 240 GWh годишно.