EV

Volkswagen цели да стане електрична марка во Америка

Објавено на

 

Во очекување на почетокот на електричната офанзива во Америка, Volkswagen ги објави плановите за во иднина.

Според нив, во наредниот петгодишен период предвидено е инвестирање на 7,1 милијарди долари во проширување на гамата, засилување на  регионалните развојни ресурси и зголемување на производствените капацитети.

Најголем дел од парите ќе отидат за трансформација на фабриките во САД и Мексико за производство на електрични возила и компоненти.

Голема вест е и дека целта на Volkswagen е да стане електрична марка, при што засега е дефинирано само дека до 2030 година 55 отсто од продадените возила ќе бидат електрични.

Нив ќе ги предводи ID.4, кој во фабриката во Чатануга, Тенеси, ќе започне да се произведува во вториот квартал годинава.

Предвидено е во 2024 година да стартува производството на ID.Buzz, а во 2026-та уште на еден SUV модел, за кој засега не се знае каков би бил.

До крајот на деценијава, Volkswagen во Америка треба да има гама од 25 електрични возила.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.