EV
Volkswagen стана акционер во Xpeng
Со инвестиција од 700 милиони долари Volkswagen стана сопственик на 4,99% од кинеската компанија за електрични возила.
Volkswagen Group и Xpeng потпишаа договор за долгорочна технолошка соработка. Веста која во светот на електричните возила силно одекна, говори за вложување на германскиот партнер од 700 милиони долари.
Со тоа освен за поседување на 4,99% акциите, Volkswagen си обезбеди и наблудувачко место во Одборот на Xpeng.
Според службеното соопштение, директната цел на инвестицијата е заеднички развој и производство на електрични возила со средна големина за кинескиот пазар.
Првите модели 2 модела кои ќе бидат поставени на MEB платформата која актуелно ја користи Volkswagen групата на пазарот се очекуваат во 2026 година.
Во рамки на групациската стратегија „од Кина за Кина“ Audi како член на Volkswagen веќе има потпишано меморандум за соработка со SAIC Motor. Со него се предвидува развој на нова платформа на која ќе бидат поставени модели во сегменти во кои Audi моментално не е присутен.
Новото здружување на технолошките сили се одрази и на берзите при што Xpeng забележа виден раст.