Uncategorized

Volkswagen најзадолжена компанија во светот

Објавено на

 

Истражувачкото новинарство откри фрапантни информации за задолженоста на автомобилските производители.

Според бројките до кои дојдоа аналитичарите од податоците за работењето на околу 900 компании, најзадолжен во светот е Volkswagen.

Како директна последица на масивниот инвестициски циклус, германската група должи неверојатни 192 милијарди долари.

Што значи ова најдобро покажува фактот дека на пример Русија или Турција имаат долг од нешто над 260 милијарди.

Тоа е бројка која е многу блиску до вкупните приходи што со продажбата на 11-те милиони возила Volkswagen ги оствари лани.

Групата VW има 122 производствени погони во 31 земја и вработува околу 665 илјади луѓе.

Но уште позагрижувачки делува податокот дека меѓу 10-те најзадолжени компании во светот половина се од автомобилската индустрија – покрај Volkswagen тоа се и Daimler (151 милијарди долари), Toyota (138 милијарди), Ford (122 милијарди) и BMW (114 милијарди долари).

Од друга страна, пак, постојат и такви компании кои не само што немаат ниту долар долг, туку „пливаат” во кеш – Google располага со вишок 104 милијарди долари, Samsung со 78 милијарди, Microsoft со 47 милијарди, Facebook со 44 милијарди долари …

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.