EV
Volkswagen најави нов модел за САД
Откако ја пополни европската гама SUV модели, VW се сврте кон Америка.
Станува збор за компактен модел сместен под Tiguan наменет само за тамошниот пазар, кој ќе биде лансиран под ознаката Taos.
За да ја задржи мистичноста за овој SUV до неговата презентација закажана за 13 октомври, Volkswagen во своето соопштение повеќе кажува за малото но историско место во Ново Мексико според кое е наречен.
Volkswagen во САД во моментов има само три SUV модели – покрај Tiguan кој е на располагање само во продолжената L варијанта, се нудат уште и класичната и купе изведбата на Atlas.
Тие заедно во вкупната продажба лани учествуваат со 52,6 отсто.