На скромно организирани настани, првите купувачи на електричниот ID.4 ги презедоа своите возила.
Испораките истовремено беа организирани пред „стаклената” фабрика на Volkswagen во Дрезден и Autostadt комплексот во Волфсбург, иако ID.4 се произведува во Цвикау.
Според зборовите на Германците, тие во Европа веќе имаат 23.500 нарачки за овој електричен кросовер, додека планот им е крајот на годинава низ целиот свет да продадат 150.000 примероци.
Целта на Volkswagen е годинава дневно да произведува по 1.400 електрични возила, заради што во е воведена трета смена во фабриката во Цвикау.
Во оваа фабрика се произведува и ID.3, кој исто така излегува и од погоните во Дрезден. ID.4, пак, освен во Германија се произведува и во Кина, а наскоро ќе започне и во САД.