Видео
Volkswagen го укинува својот најпопуларен производ [со видео]
Во име на подоброто здравје на своите вработени, VW го укинува својот најпопуларен производ заведен во каталогот на оригинални делови и компоненти под бројот 199 398 500 А.
Се работи за светски прочуениот Currywurst колбас кој како незаобиколен дел од исхраната на вработените во фабричките кантини се нудеше три пати неделно уште од 1973 година.
Сега тој, но и другите производи од месо, се заменуваат со вегетаријански и вегански јадења покрај кои повремено ќе се служи и риба.
За создавање на новото мени е ангажиран шеф на кујната со Michelin ѕвездичка, кој воведе околу стотина нови рецепти, главно базирани на зеленчук.
Освен со здравјето на своите работници, оваа своја одлука VW ја правда и со намалувањето на емисиите на штетни гасови кои ги емитуваат фармите од каде се набавува месото за колбасите.