EV
Volkswagen го претстави електричниот купе-SUV ID.5
Производителот од Волфсбург продолжува да ја шири својата понуда на електрични модели.
Тукушто претставениот ID.5 е трет член на електричното семејство на Volkswagen во Европа, кој е настанат како купе дериват на ID.4.
И покрај тоа ID.5 изгледа поубаво од својот донатор, а купеовската каросерија му подари и подобри аеродинамични квалитети.
Заради формата внатрешниот простор малку е нарушен за патниците на задните седишта, но багажникот со своите 549 литри дури е и поголем.
Две од нив се со погон само на задните тркала и 174 односно 204 KS, додека спортската GTX верзија има два електромотора, 4×4 погон и 299 коњи.
Ќе се опремува исклучиво со батерии со капацитет од 77 kWh кои во зависност од верзијата овозможуваат автономија од 480 до 520 km.
Продажбата ќе стартува напролет, по цени кои се очекуваат да бидат за околу 2.500-3.000 евра повисоки во однос на ID.4.