Во светот
Volkswagen веќе работи на следната генерација на Passat

Иако пред кратко време ја пензионираше неговата лимузинска изведба, Volkswagen нема да се откаже од Passat.
Иднината на овој модел кој е вткаен во гените на марката од Волфсбург ќе продолжи, но само во караванска верзија.
На новата генерација наголемо се работи и тест-прототипите веќе се на европските патишта „маскирани” во каросеријата на сегашната генерација.
Моторната понуда е обвиткана со велот на тајната, а и дизајнот е мистерија – уводната слика е само одлично направена претпоставка на некој кој е вешт со фотошоп.