Unite Gallery Error:

Gallery with alias: WinFast1 not found
Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VinFast2 not found
VinFast Lux A2.0/Lux SA2.0: Виетнамски луксуз со германски вкус - Autoinfo.mk

Во светот

VinFast Lux A2.0/Lux SA2.0: Виетнамски луксуз со германски вкус

Објавено на

 

VinGroup е најмоќната виетнамска групација која сега влегува и во автомобилската индустрија. Во Париз беа претставени луксузна лимузина и исто таков SUV кои се изработени со несебична помош на BMW.

Виетнамците влегуваат во сопствено производство на автомобили. За сега под брендот на VinFast ќе се произведуваат две возилаЧ луксузна лимузина која ќе се препознава по ознаката Lux A2.0 и голем SUV кој е наречен Lux SA2.0. Заедничко за двата модела е дека се изработени врз платформа на BMW Serie 5 и BMW X5.

Свежиот и современ облик, кој е близу и до европскиот вкус, е дело на група домашни дизајнери, но последниот збор и аминувањето на целиот проект е дадено од студиото на Pininfarina.

При вреднување на естетиката треба да се земе предвид специфичниот вкус на азиските купувачи, посебно поради фактот што двете возила на виетнамскиот производител веројатно нема да ги видиме на европскиот пазар.

Велиме нема да ги видиме во Европа поради фактот што Lux A2.0 и Lux SA2.0 барем засега ги спојуваат само Euro 5 нормите. Виновник за тоа е дволитрениот бензинец со двојно турбо полнење кој има чисто баварско потекло, но кој за жал не е опремен со скапите и сложени системи за варијабилна геометрија на всисните и издувните вентили.

 

 

Тоа е пресметаниот ризик со кој настапуваат виетнамците. Во случај да им се разбудат амбициите за настап на европскиот пазар веројатно веќе имаат подготвено решение.

Механичката основа продолжува со погонот на задната оска (или пак интегралниот погон кај SUV моделот) кој е поврзан преку автоматска трансмисија со осум степени. Трансмисијата е со печат на ZF, всушност како и останатите механички компоненти кои се со германско потекло.

Лимузината Lux A2.0 има меѓуоскино растојание од  297 cm, и тоа е за 4 cm подолго од Lux SA2.0. Тој однос се задржува и во вкупнта должина која изнесува 497 односно 494 cm.

Во лимзуинскиот претставник турбо бензинецот може да биде навиен на 176 или 231 КС додека за SUV претставникот е предвидена само посилната изведба.

За визуелната екпресија ќе оставиме сами да донесете заклучок а ние ќе потсетиме дека вградената опрема е на многу високо ниво, вклучително и голем мултифункционален екран кој ги заменува класичните команди. Како за први модели на еден производител воопшто не е лошо.

 

 

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
VinFast Lux A2.0 VinFast Lux SA2.0

 

Димензии
д x ш x в 4.973 x 1.900 x 1.464 mm 4.940 x 1.960 x 1.773 mm
меѓуоскино

растојание

2.968 mm 2.933 mm
Мотор
тип 4 цилиндри-линиски со Twin-Scroll-Turbo

технологија

4 цилиндри со Twin-Scroll-Turbo

технологија

зафатнина 1.997 ccm 1.997 ccm
силина 176 КС (4.500 – 6.000/min)

231 КС (5.000 – 6.000/min)

231 КС (5.000 – 6.000/min)
Вртежен момент 300 Nm (1.750 – 4.000/min)

350 Nm (1.750 – 4.500/min)

350 Nm (1.750 – 4.500/min)
Менувач ZF-8-Gang-Automatik ZF-8-Gang-Automatik
Гориво Benzin Benzin
Норма на загадување Euro 5 Euro5
погон заден заден

интегрален

Динамички постигнувања
забрзување 0-100 km/h 176 КС: cca 8.9 секунди

231 КС: cca 7.1 секунди

заден погон: cca 8.9 секунди

интегр. погон: zza 8.7 секунди

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.