Интересно
Uran: не е тенк, ама не е ни далеку од тоа
Приказната што стои зад овој монструм со 16-литарски V6 дизел, колку што е кратка, толку е необична
Истото важи и за рускиот оклопен транспортер БМП-1, или пак за Генадиј Хаинов.
Нив ги поврзува споменатиот мотор и еден неименуван руски политичар од Москва, кој во 1998 година посакал да поседува нешто уникатно.
Го ангажирал Хаинов, кој како надежен инженер и талентиран конструктор на автомобили започнал од празен лист хартија и мастодонскиот дизел мотор со 300 коњски сили.
Му требале пет години, голема креативност и разни други делови од автомобили, камиони, автобуси па дури и авиони, за на крајот на краиштата да произлезе овој ексцентричен теренец со абнормални пропорции.
Тој иако го исфинансирал целиот проект никогаш не го регистрирал овој екстравагантен теренец, оставајќи го десетина години да собира прашина.
Долго време заборавен од заедницата и ентузијастите, го купува друг, исто така неименуван сопственик, кој сега го чува некаде во Русија далеку од очите на љубопитните.