Во светот

Toyota Yaris е автомобил на годината во Србија

Објавено на

 

Жирито за избор на автомобил на годината во Србија титулата за 2021 година ја додели на Toyota Yaris.

Според соопштението на асоцијацијата на автомобилски новинари на Србија која е организатор на изборот, во конкуренција годинава покрај Toyota Yaris беа уште и Dacia Sandero Stepway, Audi A3 и Seat Leon.

Единствен кандидат за титулата еко-автомобил на годината беше Fiat 500 Mild Hybrid.

Покрај двете титули, жирито додели и неколку специјални признанија – за најдобар автомобил во класата Dacia Sandero Stepway, за најдобар дизајн на ентериерот Audi A3 и за најдобар инфозабавен систем Seat Leon.

Кај Toyota отиде уште едно признание – за најдобар ПР, кое му е доделено на нашиот поранешен колега Александар Андриќ.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.