EV
Toyota Yaris во јануари најпродаван автомобил во Европа!
После релативно добриот декември, јануари повторно ги замрзна бројките за продажбата на нови возила во Европа.
Според податоците на асоцијацијата на европските автомобилски производители ACEA, во првиот месец годинава беа продадени за 24 отсто помалку возила во споредба со ланскиот предпандемиски јануари.
Опаѓањето во двоцифрен опсег е присутно скоро насекаде – најмногу во Шпанија каде се искачи до -51,5%, а лошо помина и Германија со -31,1%.
Но ако вакво нешто и можеше да се очекува со оглед на затворените салони и наново воведените рестриктивните мерки во голем дел европски земји, никој не можеше да претпостави како ќе изгледа листата на топ 10 моделите.
Неа ни ја сервираа аналитичарите на Jato Dynamics, според кој најдобро продаван нов автомобил во јануари е Toyota Yaris.
Еве како таа изгледа.
- Toyota Yaris 18.094, +3%
- Peugeot 208 17.310, -15%
- Dacia Sandero 15.922, +13%
- Volkswagen Golf 15.227, -42%
- Opel/Vauxhall Corsa 14.951, -20%
- Peugeot 2008 14.916, +87%
- Renault Clio 14.446, -32%
- Fiat Panda 14.122, -16%
- Volkswagen T-Roc 13.896, -7%
- Škoda Octavia 13.756, -17%