Во светот

Toyota Corolla Cross стигна и во Америка [видео]

Објавено на

 

Лани Toyota Corolla на некои азиски пазари доби и Cross верзија после што беше потврдено дека ќе се појави и во други региони.

Така и беше и после Латинска Америка пролетва, сега е покажана верзијата на Corolla Cross за северноамериканскиот пазар, каде продажбата ќе стартува пред крајот на годинава, по цена која се очекува да биде под 20.000 долари

Базиран на новата TGNA-C глобална платформа на Toyota, под хаубата на овој кросовер се наоѓа дволитарски бензински мотор со 171 КС, спарен со CVT менувач.

Малку изненадува одлуката за разлика од останатите пазари да не биде понуден со хибриден мотор, а погонот на сите тркала ќе се нуди како опција.

Димензиски е нешто поголем од CH-R со кој ја дели платформата со исто меѓуоскино растојание, сместувајќи се во понудата на Toyota меѓу него и RAV-4.

Оваа верзија на Corolla Cross ќе излегува од погоните на Toyota во САД, што после Тајланд, Тајван и Бразил е четврта земја каде ќе се произведува.

Планирано е нејзино производство уште и во Јужна Африка и Јапонија, но пласманот во Европа засега не се споменува.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.