Во светот
Toyota Aygo X prologue: Зошто поинаку ако може вака? [видео]
Со својот најнов концепт Toyota нé воведува во една приказна со која наново го дефинира градскиот автомобил каков што е Aygo.
Со лани продадените 82.711 примероци, Aygo не е на врвот во класата ама одлично се држи на третото место. Колку добро нека илустрира тоа што неговите полубраќа близнаци 108 и C1 заедно имаат продажба поголема од него за само 1.500 примероци.
Toyota од своите дизајнери побара при неговото креирање да погледнат со свежи очи, а тие се надминаа себе си бидејќи вакво нешто беше тешко и да се замисли, а камо ли да се исполни.
Јапонците со него јасно праќаат порака дека за разлика од
За нив не е сé така црно, туку обоено во нови нијанси распластени меѓу традиционалните хечбеци и трендовските кросовер силуети.
Во овој момент за него изостануваат било какви технички детали, освен дека е поставен на GA-B платформата, истата онаа која ја имаат Yaris и Yaris Cross, што значи дека нивниот хибриден погон лесно ќе го најде патот и до идниот Aygo.
Не е познат ниту датумот на излегувањето на пазарот, но тој сигурно нема да биде многу далеку.