Во светот
Toyota руши рекорди во Европа
Дека може да се биде успешен и со минус во бројките сведочи веста од Toyota во која се споменуваат европски рекорди.
Во објавените податоци за продажбата во Европа Toyota наведува дека лани под своите и ознаките на Lexus има продадено 993.113 возила, што е 9 отсто помалку од 2019-тата.
Клучен елемент кој влијаеше на постигнување на овие бројки беше континуирано силната побарувачка за хибридните возила кои ја искачија Toyota на трето место меѓу најпродаваните марки.
За нив се определија 529.054 купувачи, што е 53 отсто од вкупната продажба на компанијата, при што овој процент во западноевропските земји се искачува на 65%.
Најдобро продавани модели беа Corolla, Yaris и RAV4 кои заедно зафатија 58% од вкупната продажба. Toyota и Lexus во 2020-тата во Европа лансираа девет нови модели.