EV
Toyota подготвува имитација на менувач за електричните автомобили
Една од предностите на електричните автомобили е што немаат менувач ниту пак спојка за пренос на вртежниот момент од моторот кон тркалата.
Иако тоа го прави возењето далеку поедноставно, меѓу нас има и такви кои едноставно не сакаат да ги менуваат навиките што ги имаат.
Токму за нив Toyota подготвува лажен менувач и лажна педала на спојката со кои возењето електричен автомобил ќе биде идентично како и класичен.
Се работи за систем кој ќе ја симулира улогата на менувачот со ограничување на вртежниот момент што го испорачува електромоторот.
Замислен и изведен е да го реплицира чувството во возењето електрични возила како кај возилата со мотор со внатрешно согорување.
Тој нема да има никакво влијание врз функционирањето на електричниот погон, туку само врз начинот на возење на автомобилот.
Технологијата веќе е патентирана и се очекува да има позитивно влијание во транзицијата кон електричните возила.
Не е познато кога овој изум би можел да започне да се вградува во возилата на сега повторно најголемиот производител во светот.