EV
Toyota изненади со 15-тина електрични концепти
[фото-галерија, видео]
Целосно неочекувано, најголемиот јапонски и втор во светот производител на возила ни ја престави својата иднина.
Таа се состои од 30 сосема нови модели кои треба да се појават до 2030 година, од кои половината ни ги покажаа.
За нив Toyota ќе издвои 35 милијарди долари, а уште толку се наменети за другите возила – хибриди, плаг-ин хибриди и на водород.
Целта на компанијата е до крајот на деценијава годишно да се продаваат по 3,5 милиони возила со нулти емисии, а Lexus да стане целосно електрична марка.
За жал, освен преку фото-галеријата и видеото, засега нема прилика поединечно да се запознаеме со новитетите.